ШЕСНАЕСЕТ ПЕСНИ

КАМРАН МИР ХАЗАР

3poets

Poets Giuseppe Napolitano (Italy) Kamran Mir Hazar (Hazaristan/Norway) and Ricardo Rubio (Argentina),

1. Со Хаику Труп:
Понекогаш тие сакаат да стават синџири на твоите раце и нозе!
Ако е потребно стани риба,
Ако е потребно слон спасен од изумирање!

2.
Со Хаику Труп:
Вриејќи слободата како чај
таа нуди чаша.

3.
Со Хаику Труп:
Тој го следеше патот на ДНК
од хапло-групата Ј2 поврзана со Т.
Студенилото на планините поминуваше низ неговите вени!

4.
Со Хаику Труп:
Во големо бакарно тенџере, авганистанецот лае:
врабец, врабец, врабец.
Авганистанецот го попречи летот на мојот врабец.

5.
Со Хаику Труп:
Новинарот на Тајмс во Калкута, октомври 1893 година известува:
Амир од Авганистан продал десет илјади заробеници од Хазар како робови!

6.
Со Хаику Труп:
Шолјата со чај е таму каде што демократијата го дигитализира мирисот на железо.
Непрестајна носталгија за труп низ кој струјат молекули на CO2.

7.
Со Хаику Труп:
Може ли да те запишам преку етикетата
и во близина на PHP?

8.
Со Хаику Труп:
Волк од промените на дивиот цивилизиран запад.
Волкот рипна да фати друг јоик .

9.
Со Хаику Труп:
Пријателе, умирам за тебе.
Станувам реки што паѓаат од твоите планини.

10.
Со Хаику Труп:
Претвораме камен во растение, ако сакаме.
Пишувајќи го уставот на Хазаристан.

11.
Со Хаику Труп:
Гледајќи и пребарувајќи од една IP адреса до друга.
Таа упатува на 84.48.227.217.

12.
Со Хаику Труп:
Ирвасот претрча и ирвасот исчезна.
Снегот немаше топлина освен својот оган.

13.
Со Хаику Труп:
Мек глас од млада уста.
Додека летото приготвеше дињи и грозје.

14.
Со Хаику Труп:
Растопено куче пред азбуката.
Во Сами јоик.

15.
Со Хаику Труп:
– тоа што сакам да помирисам, додека патувам од Бамијан до Кабул е јаболко,
не талибанската инфекција што останала три векови.

16.
Со Хаику Труп:
Тие го блокираат патот помеѓу Бамјан – Кабул, Ви го попречуваат патот и велат дека треба да сте обезглавени.
Ве убиваат, го прегазуваат вашето тело со коњи и потоа Ве спалуваат!

Препев: Нина Величковска

Камран Мир Хазар е хазарско-норвешки поет, новинар, активист и веб-мастер. Тој има издадено неколку книги со поезија на англиски, вклучувајќи ја и антологијата „Поеми за Хазара“ (Poems for The Hazara) со 125 поети од 68 земји, „Плачот на кобилата која станува пеперутка“ (The Cry of a Mare About to Become a Butterfly) и „Тек на елен“ (Stream of Deer). Неговата нова книга со поезија, наречена „Хазаристан со хаику и жолт Мандела“ (Hazaristan with Haiku’s Body and a Yellow Mandela ) ќе излезе до крајот на 2016 година на хазарски, англиски и италијански јазик. Поемите на Камран се преведени на англиски, шпански, холандски, арапски, кинески, турски, јапонски, италијански и романски. Учествувал на неколку меѓународни поетски фестива
ли, вклучувајќи го и Меѓународниот поетски фестивал во Меделин и Меѓународниот поетски фестивал во Ротердам. Камран Мир Хазар е член на Норвешкиот ПЕН и Норвешкиот центар на писатели.

Source

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *